Ништо од импичмент, Трамп останува претседател на САД

Доналд Трамп го преживеа гласањето за отповикување (импичмент) во Сенатот на САД и останува на функцијата американски претседател.

Прво со 52:48 гласови од сенаторите, Трамп беше ослободен од обвинението за злоупотреба на моќта, а потоа Сенатот со 53:47 прогласи дека претседателот не е виновен ниту за опструирање на Конгресот.

Мит Ромни, кој беше претседателски кандидат на републиканците во 2012 година, единствен од партијата што го поддржа Трамп на последните избори гласаше против него.

Ова е епилогот од повеќемесечниот процес почнат на 24 септември минатата година, во кој Трамп стана само третиот претседател на САД кому му беше изгласан импичмент во Конгресот, каде што демократите имаат мнозинство, но републиканското мнозинство во Сенатот спречи негово отповикување од функцијата.

Гласањето во Сенатот подразбира дека 45. претседател на САД ќе остане на функцијата до крајот на мандатот и му дава силен адут во трката за реизбор.

SHARE