Град Скопје денеска објави тендер за изработка на идеен проект за изградба на „Автобуското метро“ односно брз автобуски систем – БРТ на потегот Ѓорче Петров – Ново Лисиче.

Оваа траса со дфолжина од 12,5 километри е избрана зашто се проценува дека секојдневно би ја користеле 65.000 патници.

Според документациајта, ќе треба да се предвиди сообраќајната лента за движење на возилата на БРТ одвоена со посебни разграничувачи, со исклучок на крстосниците каде што треба да остане можност за мешање со останатиот моторен сообраќај. БРТ трасата ќе биде во третата односно крајната лева сообраќајна лента, а доколку тоа не е можно проектантот да достави предлог како е најизводливо.

Предвидено е „автобуското метро“ да застанува на 21 станица во еден правец.

SHARE