Видео-снимка на која наводно се гледа како иранска ракета го соборува украинскиот авион во близина на аеродромот во Техеран, објави „Њујорк тајмс“ кој тврди дека видео-снимката е автентична.

На снимката се гледа како авионот е погоден со ракета над Паранда, град во близина на аеродромот, но леталото не експлодира веднаш. Авионот туку авионот по неколку минути го смени правецот и се упати кон аеродромот, кога и експлодира.

И премиерот на Канада, Џастин Трудо повикувајќи се на разузнавачки информации вчера изјави дека украинскиот авион бил соборен од иранска ракета.

SHARE