„Нордик монитор“: Во Македонија шпионирани десетици домашни и странски државјани

Нордиската мрежа за истражување и мониторинг објавува документи според кои само до 2018 година од една земја во Македонија биле шпионирани 78 луѓе од различни региони и професии од страна на странски служби и дипломати.

Документите на турската влада објавени од „Нордик монитор“ укажуваат дека македонски и турски граѓани биле шпионирани од страна на турските дипломати во Скопје.

Документите испратени дома од турски дипломати довеле до истрага за тероризам на спроведена од турски обвинител, се вели во извештајот на НМ според кој документите, вметнати во кривична постапка, укажуваат дека биле собирани информации за турски и македонски граѓани за кои се верува дека се поврзани со движењето Ѓулен / Хизмет.

Според извештајот турски просветни работници, претставници на локални здруженија, бизнисмените и членовите на нивните семејства кои живеат во земјата биле профилирани од турски дипломати, објави „Нордик монитор“.

Информациите пријавени во Министерството за надворешни работи во Анкара подоцна биле искористени во кривичен процес за обвинение за тероризам од страна на турскиот обвинител Адем Акинџи.

Според одлуката на Акинџи од 24 декември 2018 година, Главниот јавен обвинител во Анкара започнал посебна истрага (досие бр. 2018/28529) за 78 лица кои беа наведени во досиејата испратени од Скопје. Тие биле обвинети за „членство во терористичка група“ од страна на Акинџи, објави скандинавска истражувачка мрежа Nordic Monitor.

SHARE