Премиерот Зоран Заев на Твитер информира за средба со својата норвешка колешка Ерна Солберг, чија земја и понатаму ќе ја поддржувала Македонија, бидејќи сметала дека таа е посветена и на отворањето преговори со Европска унија. А Норвешка не е дел од неа?!

„Норвешка гледа сојузник во нашата земја и е подготвена да ја продолжи својата поддршка, бидејќи смета дека сериозно придонесуваме во европската агенда и дека сме посветени на отворање на поглавјата за преговори со ЕУ“, твитна Заев.

Норвешките граѓани во два наврата му рекоа „не“ на членството во ЕУ – на референдумите во 1972 и во 1994 година.

SHARE

2 Коментари

Comments are closed.