Норвешкиот амбасадор ќе ги истражува албанските “наци” споменици во Македонија

Австралискиот новинар со македонско потекло Саша Узунов објавува дека норвешкиот амбасадор во Белград, Скопје и Подгорица Арне Санес Бјорнштад ќе го истражува случајот на Албанци соработници на нацистичките власти од втората светска војна за кои се подигнати споменици во Западна Македонија.

Санес Бјорнштад најавува дека ќе ги истражи овие случаи и за нив ќе разговара со македонските власти.

“Ќе се обидам да ви дадам кратки одговори на вашите прашања и дозволете ми да ви се заблагодарам за тоа што ме информиравте за споменатите статуи”, одговорил амбасадорот на следниве две прашања на Узунов.

1. Амбасадоре, Норвешка беше жртва на бритална нацистичка оупација за време на втората светска војна, дали сте вие свесен за изградбата на нацистички статуи во Македонија од страна на Албански политичари, и

2. Кои мерки ќе ги преземе Норвешка за да ги убеди албанските политичари во Македонија дека нацистички статуи се навредлив гест за Македонците, Евреите , и дури и за антифашистите Албанци.

Во одговорот до Узунов амбасадорот Бјорнштад вели:

„Да одговорам на вашите прашања: Во врска до прашањата 1 и 2 – Јас не бев запознат со ова и во скоро време ќе го потегнам ова прашање со релевантните политички лидери.

Во селото Симница, гостиварско во 2006 година споменик му е подигнат на соработникот на нацистичките окупациони власти во Македонија во втората светска војна Џемо Хаса а во Гостивар една од главните улици го носи неговото име.

Узунов најавува дека наскоро ќе продолжи со информации на оваа тема.

SHARE

Оставете коментар