Нов гаф на Заев – кому му честиташе за Медена Земја?

Лидерот на СДСМ Зоран Заев го честиташе успехот на филмот “Медена Земја” на Твитер и направи нов гаф.

Наместо на луѓето кои стојат зад проектот Заев во постот тангира или означува профил на Твитер со име Лалита СП кој нема никаква врска со авторите на документарецот кој вечерва во Холибуд ќе се бори за два оскари.

Лалита СП е лик од индиската митологија и има само тројца следбеници на Твитер.

Грешката на Заев не помина незабележано на социјалните мрежи.

SHARE