Нов гаф на Заев за покојните претседатели Глигоров и Трајковски

Нов гаф на премиерот Зоран Заев.

Човекот кој изјави дека секој ден одговара на илјадници пораки од граѓаните направи лапсус и во порака на Твитер наместо поранешни, покојните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски ги опиша со зборот „порнашени“.

Како обичен граѓанин Заев има право на грешки на социјалните мрежи, но како прв човек на Владата вакви гафови со кои се изразува непочитување на покојните претседатели се крајно несериозни и говорат за непрофесионалноста негова и на неговиот тим за односи со јавноста.

Заев и неговите соработници воопшто не забележале дека направиле лапсус и постот со зборот “порнашени” цели 11 часа беше присутен на Твитер а никој од неговиот тим не го избришал.

https://twitter.com/Zoran_Zaev/status/1170665091433472002?s=19