Нов говор на омраза од Тричковски – „вмровките“ носеле нечисти гаќи!

Новинарот и еден од најверните апологети на премиерот Заев, Бранко Тричковски, со нова навреда и говор на омраза на полова и политичка основа.

Во пост со наслов “Гаќички” Тричковски се осврнува на личната хигиена на членовите на опозицијата од женски пол.

“Знаете ли зошто жените од првите редови на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ, му ги фрлаат своите гаќички на лидерот Мицко штом овој ќе клекне на сцената!?

За да им ги испере, испегла и врати чисти по два дена!”, пишува Тричковски кој со овој навредлив статус навреди најмалку педесетина илјади жени кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ но и други припаднички на поубавиот пол кои се противат на полова дискриминација.

Досега Тричковски со политичка помош успеа да не биде осуден за ниту еден од неговите изливи на говор на омраза.

SHARE