Нов напад врз Мизрахи: Се однесувала глупаво како за Еврејка

Нова навреда во која се споменува нејзиното еврејско потекло за техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи.

Овој пат навредата дека се однесува глупаво како за Еврејка доаѓа од екс новинарот Љупчо Зиков кој беше предлог за финансиски директор на СДСМ во државната компанија МЕПСО а сега фигурира како член на Управен одбор.

За да дојде до заклучокот дека Мизрахи се однесува глупаво како за Еврејка Зиков раскажува стара еврејска приказна.

Целиот пост на Зиков во кој користи етничко профилирање на Мизрахи:

За една стара еврејска мудрост, и за министерката Мизрахи.

Една стара еврејска приказна:
Таткото на смртна постела го повикал синот и му рекол дека освен воспитувањето, како и начинот на размислување што му ги дал, нема што друго да му остави на синот.

Таткото, сепак, му порачал дека во старата куќа, кај дедо му, оставил две кутии – црна и бела.
– Синко, кога ке ти биде најтешко во животот ке ја отвориш црната кутија, а кога ке ти биде најубаво во животот ке ја отвориш белата кутија.

Му станало на синот најлошо во животот и кога ја отворил црната кутија во неја немало ништо … освен ливче на кое пишувало кратко – Ке помине …!

Потоа на синот му станало најубаво во животот и ја отворил белата кутија. Во неја исто така ливче на кое пишувало – и тоа ке помине синко …

Значи …
Не знам дали Мизрахи како гордо декларирана Еврејка ја слушнала оваа многу длабока, и полна со пораки приказна на стариот Евреин … Но, да ми прости, и таа, и партијата од чии редови е, министерката ни малку не се однесува еврејски, она што го знаеме за овој народ полн со памет и мудрости наод нашироко во светот прифатен.

Напротив
Малку глупаво како за Еврејка. Неприфатливо.

SHARE