Нов поткуп на гласачи во Струмица, се кршат и владините мерки (ВИДЕО)

Партиски активисти денеска повторно делеле помош во Турското маало во Струмица местото кое предходно беше опишано и во извештајот на ЈО што го пренесе италијанскиот весник Ла Верита за настани од пред 6 години.

Партиските донации обележани со логотип на една политичка партија се случуваат без соодветна пријава до централниот кризен штаб за корона вирусот но и со непочитување на мерките на Владата за забрана за јавни собири и користење на маски.

Според видеото објавено од партиски активисти на СДСМ ниту еден од присутните не носи маска за лице.

Кому и по кој критериум се дели помошта во градот на Заев засега не открива никој а во коментарите на социјалните мрежи се открива дека се дели брашно, зејтин, квасец, прашак за пециво и компири кои биле веќе из’ртени.

SHARE