Нов рекорд: Речиси 300.000 заразени од корона во еден ден

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека овој петок, во светот е забележано рекордно зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус – 292.527.

Најголем скок на нови случаи е регистриран во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, се вели во дневниот извештај на СЗО.

За 24 часа починале 6.812 луѓе.

Претходниот рекорден број нови случаи од над 284.000 беше пријавен на 24 јули.

Скоро 40 држави минатата недела објавија рекордно зголемување на нови инфекции на дневна основа, пренесува Ројтерс.

SHARE