Нов студентски дом во Тетово – крпење на руинираните во земјата

Министерството за образование и наука (МОН) обезбедило 141 милиони денари за почеток на изградба на нов студентски дом во Тетово.

Во исто вереме 30 милиони денари се предвидени за санација на дел од другите студентски домови, додека со 5 милиони денари ќе се набави мебел за најголемиот студентски дом „Гоце Делчев“, дознава Плусинфо.

На листата на приоритетни објекти за реконструкција е и студентскиот дом „Стив Наумов“ каде вчера падна дел од плавон во еден од тоалетите.

SHARE