Нов вооружен инцидент во Мала Речица, еден загинат, еден ранет

Убиство и обид за убиство ја потресоа Мала Речица пред полноќ.

Според повеќе медиуми вооружен човек ја убил својата сопруга во куќата на нејзиниот татко, а потоа излегол и пукал во таксист со намера да го убие.

Таксистот е повреден и е префрлен во болница. Според се уште непотврдени информации од полицијата жената е убиена со два куршуми, а убиецот е во бегство и се уште е вооружен.

Веднаш по инцидентот полициски екипи заедно со јавен обвинител излегле на местото на инцидентот.

Пред 6 месеци во ова село кое е дел од Тетово беше убиено едно лице а две беа потешко ранети.

Убиениот во Мала Речица е функционер на ДУИ