Нова закана од Софија: Со овој менталитет Македонија не може во НАТО

Вицепремиерот и министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов изразува незадоволство од работата на бугарско-македонската комисија за историја, која преговара за заедничкото историско наследство.

Каракачанов ги критикува бугарските претставници во комисијата, кои, според него не ги штитат доволно позициите на Бугарија.

„ Година и половина таа т.н. комисија во практика нема никаков напредок. Од бугарска страна има желба да се прават компромиси, што според мене е недозволено, а од македонска стана има желба да се забошотат работите“, вели Каракачанов кој ја критикува работата на историската комисија со Македонија.

„Тие на пример тврдат дека Цар Самоил се борел против Бугарија”, вели Каракачанов кој повторно се заканува со вето за македонски влез во НАТО.

Според него има многу јасни калузули во договорот за пријателство со Македонија но во Скопје треба да запрат со фалсификување на историјата.

Бугарскиот вицепремиер порачува дека Скопје треба да го промени менталитетот а Македонија не треба да влезе во НАТО со овој менталитет.

Каракачанов вели дека како лидер на ВМРО-БНД, како човек, иаторичар и Бугарин има право на свој став и истиот ќе го брани.

SHARE

4 Коментари

  1. Ха, ха, ха. САД, Германија, Англија, Франција, ќе го прашаат Каракачанов дали Македонија да влезе во НАТО „со овој менталитет“. Лудаци. И Каракачанов и вие што пренесувате што рекол Каракачанов.

  2. ДОБРО Е ШТО КАРАКАЧНОВ МИНИРА ПРЕСПАНСКИОТ, А ОВОЈ ЌЕ БИДЕ АПСОЛУТНО МИНИРАН КОГА ГРЦИЈА ВО ООН И ПРЕКУ ООН ПОБАРА АМАНДМАН ЗА НЕГИРАЊЕ НА ЈАЗИКОТ, ХАХАХАХА!

Comments are closed.