Новата прва „финансиерка“ дел од скандал тежок 330 илјади евра

Нина Ангеловска, новата предлог кандидатка за министер за финансии во Владата на Зоран Заев е дел од скандалот со доделување на средства преку Фондот за иновации, на фирми основани од партиски луѓе, блиски до СДСМ, пишува порталот Сведок.мк основан со поддршка од Швајцарската агенција за меѓународен развој.

Сведок.мк објавува дека Нина Ангеловска, министерката за финансии, или позната како Нина Групер, е основач на фирма ДЕКОДИКС на која и беа доделени парите, а по реакции во јавноста подоцна одлуката беше поништена.

“Нина Ангеловска според официјалните документи се јавува како основач на друга фирма, лоцирана во Аеродром, во Скопје, со која, со соосновачите конкурираат за проект, а Фондот доделува 330 илјади евра.

Оваа афера во јавноста беше позната ккао случајот со снаата на Цветанка Ласкова, советничката на премиерот, но тогаш не беше познато дека како прв основач на фирмата е заведена Нина Ангеловска, позната како “Нина Групер”, која сега Зоран Заев ја предлага за министерка за финансии

Името на Ангеловска веќе шредизвика лавина негативни реакции во јавноста, посебно на социјалните мрежи. па заедно со кадарот на ДУИ за министер без ресор, кој беше еден од обвинетите во случајот Мавровски работници ја вжешти и дебатата во Собранието.

Фирмата Декодикс од Скопје од Фондот за иновации и технолошки развој на контраверзниот тендер добила грант во износ од околу 20 милиони денари или околу 330.000 евра, открива порталот.

Целата информација на сведок.мк

SHARE