Нови 40 заболени од Ковид-19 во Македонија, во Словенија ниту еден

Бројот на новозаболени од коронавирус во Македонија во последното деноноќие достигна 40, меѓу кои и вработен во градинка во Скопје, а регистрирани се и еден смртен случај, како и 11 оздравени пациенти.

Од 40. нови позитивни случаи на Ковид-19, најголемиот дел отпаѓа на Скопје (26) и на Тетово (10), а по еден има во Куманово, Прилеп, Велес и Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје почина 56-годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.

Во последните 24 часа се направени 549 тестирања, од кои 209 во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 1.898, бројката на оздравени пациенти е 1.378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи е 409.

За споредба, во Словенија во последното деноноќие не е забележан ниту еден нов случај на позитивен на коронавирус, а направени се 909 тестови. Во земјата има само 21 активен случај од вкупно 1.468 од почетокот на пандемијата, а бројот на починати е 106.

SHARE