Новинар бара СДСМ да ја бојкотира и затвори ТВ Алфа

Поранешен новинар на Дневник а сега активен поддржувач на политиките на Владата на Зоран Заев бара од владеачката партија да ја бојкотира и да ја затвори единствената опозициска телевизија Алфа ТВ.

Миодраг Мишолиќ смета дека е грешка на СДСМ што нивни членови одат на дебати во Алфа ТВ.

Наместо да одат на дебати тој предлага телевизијата да биде затворена.

“Втора вечер по ред, претставник на СДСМ гостува на Алфа. И тоа вечерва – министер (Дамјан Манчевски). Ако се’ уште некој се надева дека оваа држава повторно ќе добие нормална медиумска сцена, нека се откаже од надежта.

Место да ги затвораат пропагандните мегафони, и паралелно да создаваат услови за враќање на професионалното новинарство, тие им даваат легитимитет на пропагандистите.

Срамота, и за СДСМ и за Манчевски”, смета Мишолиќ кој бил активен учесник во Шарената револуција.

Новинарот обвинува за пропаганда од страна на Алфа ТВ но не нуди ниту еден пример или аргумент за неговиот суд.

Мишолиќ предходно никогаш не се огласи за работата на други телевизии како на пример 1ТВ за кои дури и во СДСМ признаваат дека била провладини.

Новинарот кој сега бара затварање на Алфа ТВ работел во изданијата на МПМ која беше сопственост на Сашо Мијалков, Орце Камчев и Срѓан Керим во времето на владата на Груевски но никогаш не побарал затварање на медиумот во кој работел.