Новинар на Си-Ен-Ен го налути Трамп, веќе нема влез во Бела куќа (ВИДЕО)

Новинарот на Си-Ен-Ен, Џим Акоста, влезе во вербална расправија со претседателот на САД, Доналд Трамп, а откако не сакаше да го предаде микрофонот за да можат да постават прашање други новинари на прес-конференција тој ја загубил акредитацијата за влез во Бела куќа.

Откако Акоста одби да го предаде микрофонот на персоналот на Бела куќа, Трамп го нарече ужасен човек, кој не би требало да работи за Си-Ен-Ен.

Според Бела куќа, Акоста не смеел да направи физички контакт со девојката која што била задолжена за микрофоните на прес-конференцијата.

Инцидентот поради кој Акоста го загуби пристапот во Бела куќа во видеото: