Новинарот Златев го понижи обвинителството кое го гони за објава од јавен интерес

Новинарот Љупчо Златев не попушта пред притисокот од Јавното обвинителство кое покрена обвинение и најави негов прогон за објавен скандал во кој УБК санкционирала вработен затоа што неговиот татко протестирал против новото име на Македонија.

Во изјава за ТВ Алфа Златев најави дека ќе го повтори делото и ќе објави нови документи кои се класифицирани но во исто време се и од јавен интерес затоа што покажуваат дека во УБК се води политичка и идеолошка пресметка со неистомисленици односно со деца на родители кои имаат различен став од актуелната влада на СДСМ.

Според судско обвинителската практика доколку има опасност дека некој обвинет кој се гони за одредено кривично дело ќе го повтори делото тој треба да биде притворен за да му се одземе таа можност.

Со најавата дека ќе објави нови документи Златев најавува дека ќе ја оствари и втората причина за одредување притвор, влијаење на сведоци кои во случајот ќе му дадат или веќе му дале документи.

Во исто време Златев слободно може да ја напушти земјата затоа што засега обвинителството не побарало од него да го предаде пасошот ниту му е изречена мерка за присуство на судење.

Храбриот потег на Златев кој со најавата дека ќе објави нови документи од јавен интерес го става во тешка ситуација јавното обвинителство кое ако го следи законот и праксата мора да одреди притвор за новинарот.

Посебен проблем за Обвинителството е што во случајот со Златев се покажуваат двојните стандарди и се потврдуваат информациите за политичките позадини на прогон на новинари.

За сличен ваков случај на новинарка која не е критична кон власта обвинителството пред две години не покрена истрага иако беше јасно дека и таа го прекршила законот со објава на информации од класифицирани документи.

За разлика од новинарката која работи за домашен и меѓународни медиуми на која обвинителството и прогледа низ прсти (а се уште има можност да ја гони) за Златев кој е критичар на СДСМ и Зоран Заев обвинителството веднаш покрена обвинителен акт и со тоа индицира дека се води од интереси на политички партии и структури а не од законот кој треба да важи за сите.

Златев предходно најави дека не се плаши од ништо и дека е подготвен да оди и в затвор ако се во прашање, правдата, вистината и Макеоднија.

Најавувам повторување на делото… Нека ме притворат!

Posted by Ljupcho Zlatev on Friday, July 31, 2020

SHARE