Новите 12 возила за брза помош „зјаат“ празни

Дванаесетте нови возила на Брза помош, се уште не се регистрирани и ја немаат потребната медицинска опрема, објави „Факултети“.

Во возилата треба да се вградат дефибрилатор, ЕКГ, респиратор, сет за имобилизација, носилка, чанта со медицински материјали, кои треба да се распределат од донација преку Министерството за здравство.

Директорите на здравствените домови во Скопје, Крушево, Кичево, Крива Паланка, Берово, Струга и во Дебар се уште ја чекаат потребната документација.

Во моментов во Скопје се користат шест, главно амортизирани возила, или практично на пациентите им се помага со дел од оние што здравствениот дом ги доби уште во 2012 година.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ќе се ангажира да се забрза процедурата.

„ Се работи за административни процедури. Не знаев дека сè уште не е завршена работата. Уште денес ќе се ангажирам да се забрза процедурата за да може што поскоро да се користат возилата“ – изјави Филипче., пренесува Факултети.мк.