Од Европската комисија доаѓа најава за уште едно, второ по ред одложување на објавувањето на новата методологија за пристапните преговори со земјите кандидатки за членство во ЕУ, дознава 360 степени.

Првично, презентирањето на новата методологија беше најавено за вчера, 29 јануари, но беше одложено за 5 февруари. Според последните информации од Брисел, Европската комисија ќе го пролонгира објавувањето за уште неколку дена, во неделата што почнува на 10 февруари.

Европската комисија планира до крајот на февруари да излезе со мини-извештаи за реформскиот напредок на Северна Македонија и на Албанија, како подготовка за евентуална одлука на земјите членки на ЕУ за старт на преговорите за членство со двете држави аспирантки на крајот на март.

Состанокот на лидерите на ЕУ, во форматот на Европскиот совет, е закажан за 26 и 27 март во Брисел.

SHARE