Ново сонце од Кутлеш врз исчкртаното во Велгошти

Сонцето од Кутлеш на центарот од игралиштето во охридското село Велгошти, кое пред неколку дена беше исчкртано, од денеска повторно блеска.

На местото на осквернавениот симбол на древномакедонската кралска династија, кој беше дел и од државното знаме на Македонија од 1992 до 1995 година, Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид аплицира нов.

SHARE