Ново видео на „Ла Верита“ со докази за криминал на „Струмичката група“ на Заев

Во текстот насловен “Македонија: “Гласовите за Заев плаќани по 10 евра” објавен утринава италијанскиот весник Ла Верита објавува дека Обвинителството во Скопје има снимени разговори во кои се зборува за купопродажба на гласови.

Според авторот и приложените докази Социјалдемократите на Зоран Заев посебно ги таргетирале Ромите.

Кој ги следел наредбите, добивал за возврат пари или градежен материјал. Кој не ги следел добивал закани, откази и исклучување на струја.

За сите наводи Гајзер тврди дека постојат докази кај обвинителката Вилма Русковска иако тааа вчера изјави дека нема доволно докази за покренување обвинение.

Целиот текст во продолжение:

Ларис Гајзер 26.01.2020, Ла Верита

Како што рековме, денес продолжуваме со објавување видео по однос на нашето истражување кое се однесува на македонскиот правосуден систем.

Постоечката документација во обвинителството за борба против организиран криминал во Скопје поседува извадоци од снимени разговори од кои може да се заклучи дека екс-премиерот Зоран Заев заедно со неговиот брат Вице Заев, зборувајќи отворено на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање гласови, посебно од Ромите коишто живеат во Струмица.

Анализираните документи опишуваат сценарио во кое тогашниот лидер на СДСМ и градоначалник на Струмица, осомничен за изборни измами, се служел со нерегуларни средства за да биде избран во Собранието, за потоа да стане премиер. Гласачите кои одлучиле да соработуваат биле плаќани, за секој глас поединечно, од 10 до 25 евра, во две менувачници раководени една од Вице Заев и една од негов колега.

Една од двете менувачници, “Даскал”, е во сопственост на Марјан Даскаловски кој исто така бил избран за пратеник во Собранието заедно со Заев, и бил претседател на локалниот огранок на СДСМ.

Во случај сумата да не била доволна да се убедат граѓаните, се одело и до таму да се понудат градежни матетријали за градење куќи или пак поврзување на домовите со комуналната инфраструктура.

Човекот што бил главен за испазареното поврзување со или исклучување од комуналната инфраструктура, оној што ги контролирал вработените во општината е директорот на ЈП Комуналец-Струмица, Зоран Георгиев. Тој, служејќи се со службените ресурси што му биле на располагање, се заканувал или ги казнувал тие што се двоумеле дали да соработуваат при гласањето, а секако ги наградувал оние другите.

Во Македонија Георгиев е познат по тоа што бил шеф на сите изборни кампањи на Заев и дека е сопруг на судијката од судот во Струмица, Лорета Георгиева, која во времето на владеењето на Зоран Заев станува член на Судскиот Совет, институцијата која има задача да го контролира работењето и ефикасноста на македонските судии.

Тоа што “Ла Верита” го објави вчера предизвика итна реакција од страна на екс-премиерот Заев и главниот обвинител за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која запрашана од македонските медиуми, изјави јасно дека случајот не го процесирала пред суд поради немање докази за кривично дело, но не објасни од која причина случајот тогаш не бил затворен веднаш?!

Експлицитниот доказен материјал со кој располага македоснкото обвинителство ја прикажува сликата за една реалност која е надвор од сите нормални и легални политички стандарди.

Во различни делови од разговорите има и дијалози на Вице Заев од кои се гледа дека тој бил во можност да го контролира од близу однесувањето на цели фамилии.

Во разговорите братот на Зоран Заев, бара објаснувања од соговорниците поради однесувања на нивните жени и деца кои дејствувале спротивно на интересите на СДСМ, односно се лути што тие присуствувале на митинзи на соперничките партии.

Следствено на тоа, постојат аудио снимки во кои Заев, информиран за гласања против СДСМ, побарал за казна веднаш да се избрка од работа цела една фамилија, една бејбиситерка, еден шофер, но и да се исклучат од струја одредени семејства преку локалната компанија за електрична енергија, во сопственост на австријската ЕВН.

Од истите документи се гледа дека целиот систем на купување гласови се базирал на константни уцени кон луѓето, конкретно Ромите како дел од жителите на Струмица.

Осомниченото злосторничко здружение кое било под истрага си ги олеснувало своите крајни цели и преку издавање лични карти по скратена постапка, имајќи ја предвид македонската бирократија, со цел гласачите да можат навремено да ги упатат кон гласачките места.

Покрај ова искуство од минатото, наскоро следуваат предвремени избори. Ќе видиме дали македонското обвинителство ќе продолжи понатаму со истрагите и како ќе се однесуваат државните институции.

Видеото со многу од доказите на следниот линк

https://www.laverita.info/macedonia-zaev-votes-paid-10-euros-2644920501.html

SHARE