Благодарејќи на меѓународните донации, во Косово се отворени  многу клиники каде што се спроведуваат нелегални трансплантации и трговија со човечки орган.

Според пишувањето на „Вечерње новости„, клиниките содржат најсовремена опрема.

Весникот пишува дека пред два дена, при контрола на приватна клиника во Приштина, биле уапсени четворица осомничени за нелегална трансплантација и трговија со органи,

„Новости“ пишува дека последните петнаесет години отворање приватни клиники, кои во најголем дел се водени од неискусни луѓе,  во Косово стана профитабилна работа.

„Во нив се спроведуваат и такви црни интервенциии“  пишува белградскиот дневен весник, потсетувајќи дека косовската полиција уапси четворица под исто обвинение пред еден месец, за што пишуваше и „Дејли мејл“..

Според весникот, во овие клиники се вртеле милиони евра, пренесува Б92.

SHARE