Најмалку пет луѓе од српското подземје купиле земјиште во Македонија за да одгледуваат канабис за медицински потреби. Контроверзен бизнисмен вложил десетици милиони евра во насади, пишува  српски „Новости“.

Споеред весникот кога македонскиот премиер Зоран Заев пред нешто повеќе од година дена (април 2018), ги повика сите кои имаат пари да вложат во производување на лек од канабис, затоа што тоа е профитибилно, први дојдоа српските криминалци.

 Најмалку пет луѓе од подземјето, што со директно купување, што преку партнерство со македонските „колеги”, станаа сопственици на плодни полиња со коноп, во оваа држава.

„Но не само крупните криминалци се одлучиле за овој нов вид на’“работење’, туку и луѓе чиј бизнис во Србија бил секогаш на раб од законот. Меѓународно организирани криминални групи, како последниот пример од Македонија, и покрај хуманитарната намера на тие кои ги пишуваат прописите, тие први реагираа на импулсот на пазаро“т, пишува „Новости“.

Според извор на весникот близок на разузнавачките служби, еден контроверзен бизнисмен од Србија до сега вложил неколку десетиви милионо евра во тиа насади. Најпрвин со македонски партнер купил земја, потоа ја обработиле како треба, но обезбедиле и жица и капија. Имаат и 24 часовно обезбедување, што е еден од законските услови. Направено е и вештачко наводнување и заштита од временски непогоди.

Не е само тој човек од Белград кој вложил пари за производство на канабис, пишува „Новости“. По неговите стапки тргнале и нарко-босовите кои се позади решетки. Додека на вистинските бизнисмени им требаше време да реагираат на новите потреби на пазарот, луѓето од другата страна на законот, внимателно ги следеа медиумите, особено кога станува збор за промена на прописите за легализација на марихуаната во медицински цели.

„Со закон во Македонија е дозволено одгледување на канабис за медицински цели и правење лек и до сега се издадени осум лиценци, а уште четири или пет се во процедура…. Заев изјави дека лично ги подржува ваквите бизниси. Имено, од производство на лекови од канабис државата очекува нови работни места и годишно најмалку 100 милиони евра прилив, што е 0,1 проценти од БДП.

Компаниите кои се занимаваат со овој бизнис, почнале да го извезуваат и сушениот цвет од канабистот за преработка на масло на пазарите во Посла и Германија. Низ цела Македонија, но и Хрватска ( е легализирано производството, освен плантажи со канабис, изградени се и стакленици каде се одгледува оваа билка. Македонците најчесто во тие бизниси влегуваат заедно со српски државјани, но ги има и од Словенија, кои поседуваат фабрики за производство на лекови од канабис во Германија и Полска. Во последно време се заинтересирани и црногорски државјани кои се поврзуваат со трговијата со дрога.

„Тие кои не можат да регистрираат вакви компании во Македонија, бидејќи имаат досие и се осудувани, за бизнис партнери избираат ‘чисти’ државјани од оваа земја“, објаснува изворот на „Новости“.

Тие вложуваат само пари, а на таков начин купуваат и „чисто“ потекло на нивните пари.

Сепак, новиот бизнис на српските криминалци, но и тие од регионот, будно ги следат и службите за безбедност. Тешко е да се помисли дека ќе се задржат само на легално одгледување и продажба. Наркотиците на црно и понатаму се најисплатливи.

Пратиме се што се случува, пспбено движењето на парите – предупредуваат лицата од службите за безбедност за „Новости“.

SHARE