На граничниот премин „Богородица“, денеска беше поставен напис со новото име на државата на веќе постојната табла.

Станува збор за налепницата со името Република Северна Македонија  напишано на македонски и на англиски јазик.

Од Царинска управа најавија дека во текот на денот ќе бидат заменети таблите и на другите гранични премини.

Новото име стапи на сила од вчера, со пристигнувањето на вербалната нота од грчкото Министерство за надворешни работи и објавувањето во Службен весник.

Бројни новинарски екипи од земјата и од странство присуствуваа на настанот, пишува „Нова Македонија“.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.