Нухиу до Заев: Измамници белосветски, 30 години ќе бидете опозиција

Политичкиот аналитичар и лингвист Армен Нухиу разочаран од Заев и владата затоа што ветувале дека нема да бидат исти како и другите лоши политичари а сепак испаднале такви.

Нухиу е разочаран што Заев уште пред 45 дена вети дека ќе направи промени во владата односно дека ќе заигра „метла“ но до ден денешен тоа не се случува затоа што ветувањето било дадени само во пропагандни цели.

„Метла во Владата ништо, а?
Само за избори беше таа приказна?
Преваранти белосветски.
Нареден пат 30 години ќе бидете опозиција“, порачува Нухиу кој предходно го обвини Заев дека во својата партија СДСМ ангажирал криминалци и верски фанатици наместо умни, чесни и образовани Албанци кои имаат вистинско влијание во оваа заедница.

SHARE