Невладини организации сметаат дека Владата има одлучувачка улога во доделувањето на лиценци без надворешна контрола на критериумите а спорно е и барањето за банкарска гаранција од 500.000 евра за да се добие дозволата, пренесува Фактор.

Тие ја повикауваат Државната комисија за спречување на корупција да реагира на донесувањето на предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци кој, на барање на Владата, треба да се донесе под итна постапка и со европско знаменце.

„Со законот се регулирани условите и начинот за одгледување и производство на канабис за медицински цели на уште порестриктивен начин од досегашниот и со тоа се овозможуваат услови за монополизација и политичко влијание преку процесите на доделување лиценци.“ – велат од „НВО БИЛКА“, „О2“ и „Плоштад Слобода“.

Активистите велат дека граѓаните кои бараат лек од канабис ќе продолжат да го купуваат од црниот пазар, изложувајќи се на ризик од криминализација, а во исто време се заоструваат критериумите и се бирократизира постапката за одгледување и производсвтво за канабис, со што се зголемуваат трошоците, а со тоа и цените на лековите.

Вчера се одложи Собраниската седница за предлог – законот, а организациите бараат законот повторно да се врати кај предлагачот – Министерството за здравство и да се доуреди преку демократски и транспарентен процес на донесување на законските решенија.

SHARE