Обезбедувачот на СДСМ што му се заканил на Героски се сликал со цел партиски врв (ФОТО)

Лицето Борче Гиноски за кое новинарот Бранко Героски тврди дека му се заканил преку Фејсбук има десетици фотографии со врвни партиски и државни функционери јавно објавени на социјалната мрежа.

Фотографирање со политичари формално-правно не значи никаква одговорност за функционерите на СДСМ но заедничките фотографии можат да значат многу доколку МВР и обвинителството не покренат процедури за истражување на случајот.

Доколку нема мерки против обезбедувачот тоа може да значи и дека тој има политичка заштита токму од тие со кои се фотографирал.

Героски оди во СДСМ, од Заев бара средба со партискиот обезбедувач што му се заканувал

SHARE