Обичен човек за името: Не знам кој е полуд во „Труман шоу 2“

Скопјанецот Александар Михајловски со свој став за договорот со Грција и влезот во ЕУ.

„Да смениш име на држава и идентитетски атрибути на еден народ за да добиеш можебен условен датум за преговори во јуни 2019, ако тој народ потврди себеукинување и капитулација, меѓу другите 3 услови, во исто време знаејќи дека те чекаат 35 поглавја за отворање и затворање, на кои можеш да бидеш блокиран, притоа прикажувајќи го истото за успех, е генијално сценарио за снимање на ‘Труман шоу 2’.

Не знам кој е полуд, овие што ни го продаваат ова, или ние што треба да го купиме ова срање. И да ви успее, кога ќе дојдеме на ред во ЕУ таму некаде во 2040, под услов ЕУ да постои (тешко веројатно), нема да има ентитет кој влегува во ЕУ. Виртуелна реалност. Шах-мат позиција за Грците. Браос!!!!!“, пишува Александар Михајловски.

 

SHARE

Comments are closed.