Организаторите на денешниот најавен собир пред влада, и денеска беа спречени да монтираат бина од која би се обратиле на присутните.

Десетина полициски возила го попречиле камиониот со кој била превезувана опремата за импровизирана бина и со озвучување. Уште повеќе камионот во два наврати бил испраќан на технички преглед, вели за Expres.mk еден од организаторите и основач на #Бојкотира, Горан Костовски. (на видеото по 4 минута)

Костовски вели дека имало и закани од полицијата да се откажат од протестот.

Пред десетина дена народнит собир беше откажан откако владата ја поништи дозволата за протест уредно најавен и одобрен од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

SHARE

Оставете Коментар