Објавен филмот ,,Мајка” на младиот Исамудин Османлиу (ВИДЕО)

Вечната дилема дали сме направиле доволно за своите родители е лајтмотив во филмот ,,Мајка” на младиот Исамудин Османлиу кој се обидува да испрати порака дека односот и почитта кон мајката и таткото треба да се гради додека се тие живи.

Во играно – документарниот филм снимен со скромни средства и полуматерска екипа гледачите имаат ретка можност да проследат автентична муслиманска богослужба на Македонски јазик.

“Со големо задоволство го објавувам краткометражниот филм „МАЈКА“ кој во себе носи голема и многу важна порака.

Благодарност до сите кои што придонесоа за успешната реализација на овој проект, а пред сe’ на господинот Bilkim Osmanovski и господинот Elmin Ibraimoski кои без двоумење ме поддржаа во овој проект.

Sofija Trpkovska
Angela Angelovska
Fikmet Selimoski
Belmin Mustafoski
Zekir Sadikoski
Reiz Nezirovski
Denis Abazoski
Nihat Iseinoski”, пишува режисерот на филмот Исамудин Османлиу.

Филмот е снимен во селото Долно Косоврасти лоцирано во близина на спа центарот Дебарски Бањи – Цапа.

Expres.mk е отворен за соработка при промоција на аматерски и професионални културно – уметнички проекти на млади и возрасни луѓе кои сакаат да ги презентираат своите дела пред пошироката јавност.

SHARE