Објавена „бомба“ во која Ден Дончев прима пари и ги става во чанта (ВИДЕО)

На видео каналот Јутјуб денеска се појави кратко видео на кое се гледа како екс директорот на Фондот за здравство Ден Дончев за време на разговор со засега непознат човек прима пари и ги става во чанта.

Засега нема никакви детали за колку пари се работи и за што точно Дончев ги прима парите.

Дончев минатиот месец си даде оставка од функцијата директор на најбогатиот државен фонд во земјава.

Тој важи за еден од најблиските соработници на екс премиерот и лидер на СДСМ со кој се од исто село Муртино.

За Дончев обвинителството води две истраги во кои се вклучени сериозно суми на пари.

Засега нема никакви детали дали видеото во кое се гледа како Дончев прима кеш на рака е поврзано со истрагите на обвинителството или се работи за нешто сосема друго.

Најнова вест

Дончев признава дека Заев дал дозвола за полициски упад во фирма (НАЈНОВО АУДИО)

Поврзана вест

По видеото со кеш се појави и “аудио бомба” со Ден Дончев (ВИДЕО)

SHARE