“Објавена снимка од телефонот” на Катица Јанева (ДПЛ)

На социјалните мрежи се појави видео снимка за која што се тврди дека е од телефонот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

На видеото се гледа како Јанева во придружба на женско лице доаѓа најверојатно до камера која што ја снима и изгледа дека Специјалната обвинителка не е свесна дека земањето на апаратот и одењето е снимено со нејзиниот телефон.

За тие што не го гледале филмот “Чарлиеви Ангели” за трите обвинителки на СЈО каде што се наоѓа и ова видео легитимно е прашањето како се случило снимка од телефон на Јанева да се најде на интернет.

Во првата верзија на овој текст беше пренесено дека се работи за снимка од телефонот на Катица Јанева и беше поставено прашањето за безбедноста на нејзиниот телефон и сите материјали и документи на СЈО.

Всушност се работи за видео кое е дел од документарец во кој се наоѓа видеото кое на социјалните мрежи беше претставено како снимка од нејзиниот мобилен телефон.

SHARE

Оставете коментар