Објавено боледувањето на Катица Јанева, нејасно е нивото на растројство (ФОТО)

На социјалните мрежи попладнево објавен документ со боледувањето на Катица Јанева.

Според документот тоа трае до 15 август што значи дека ако не е предходно затворено Јанева не смее да оди на работа.

Експерти тврдат дека поради јавниот интерес и одговорната функција на Јанева не е нарушено личното право на тајност на податоци за болести.

Тие предупредуваат дека ако се работи за потешка форма на анксиозност и растројатво таа треба да биде под терапија и не смее да оди на работа и поради себе но и поради можност од нарушување на специфичниот работен процес.

“Бидејќи СЈО и Владата кријат и не ги известуваат граѓаните за прашања од јавен интерес, дозволете да им помогнеме:
– Катица Јанева од нејзин познат лекар добила боледување за периодот од 16.Јули до 15.Август 2019 година.
– Боледувањето е дадено врз основа на констатирана анксиозност растројство (F40-48), но засега не се знае дали е полесен случај или состојба која може да влијае на степенот на работната способност. Инаку овие дијагнози се најтешки за контрола и вештачење!
– Таинственоста создава сомнеж дека боледувањето може да биде подготовка на околности за неопределување на мерка притвор или за градење на историјат на болеста на подолг рок, при евентуални подолги судски процеси”, пишува вечерва пратеникот Антонио Милошоски објавувајќи ги фотографиите од дијагнозата на Катица Јанева.