„Убеден сум дека само со чесен и транспарентен пристап ќе можеме да се спротивставиме на лагите за наводна вмешаност на мојот Кабинет, на АРМ и Агенцијата за разузнавање околу настаните на 27 април.

Во Кабинетот на Претседателот на РМ никогаш не се разговарало ниту се размислувало за прогласување на воена или вонредна состојба. Со тоа ги отфрлам и сите шпекулации дека меѓународната заедница вршела каков било притисок врз мене да отстапам од некаков наводен план за прогласување воена или вонредна состојба“ – изјави претседателот на република Македонија во денешното обраќање до јавноста во врска со обвинувањата дека Кабинетот на шефот на државата, наводно, бил вмешан во настаните во Собранието од 27 април, минатата година

https://www.facebook.com/makfax/videos/368141460422897/