Обвинет за 27 април: Знам за што бев на улиците и за што се борев

Еден од обвинетите за 27 април чиј псевдоним е ,,AQUAman” ја опишува целата ситуација поврзана со движењето “За заедничка Македонија”, настаните од 27 април и она што сега се случува во Македонија:

Robin Hood:
За големи луѓе – големи искушенија.

Верувам, дека овој систем на апсолутна контрола на луѓето и сѐ друго, нема долго да трае.

Верувам во вистината на Откровението на Св. Јован Богослов, кое од оваа перспектива станува неспорно и неминовно прорштво.

Време е да сфатат, дека премногу задници му се навртеа на “главниот” на “елитната единица за одмазда” , а фотелји нема за сите нив.

Дури ни за половина, па ни за петтина, едвај да има понекое столче плус.

Ќе останат многумина на градските и селските клупи.

Пола ден ќе просат, а другата половина од денот ќе ја трошат, со мислата” што направивме” и ќе ги гризе (можеби) нивната совест, што станаа предавници за ништо.

Заедничка Македонија…..
Чувството, дека треба нештата да се земат во свои раце.

Да се исполни волјата на народот.

Тоа беше една правична и, чиста како солза, револуција, додека не се вмешаа експертите и удбашите.

Тие ги испомешаа работите, го затапија острецот на револуцијата, Заедничка Македонија беше движење кое можеше да донесе правда но, почнаа безмерно да се мешаат, да си придаваат важност и авторитет некои ликови, потискајќи ги оние, кои што гинеа по улиците во името на слободата.

Удбашите создадоа голема хистерија и хаос, притоа силно издигајќи се во хиерархијата на УБК и на една чиста револуција и ги замешаа прстите и им го сервираа на тацна 27 април.

Кон тоа, открив и дека кодошеле, и мрак ми падна на очи.

Кодошеле секаде, од власт, опозиција по разноразни амбасади се со цел за подобро да фатат место кога ќе паѓаат лисјата (власта).

Но, никој не управува со мене освен Господ.

Водите течат, времиња добри и лоши поминуваат, ден по ден.

Но, вистината останува како пророштво и завет.

За големи луѓе – големи искушенија, така рекле старите.

Чувствувам дека “елитната единица за одмазда” стои зад сето оваа, тоа што се одмаздуваат на луѓе кои се непокорни, мисли дека му прават услуга или сакаат да ги уништат систематски?

Ок, мене ова не ми пречи, воопшто, напротив, знам за што бев на улиците и за што се борев, а тоа е ПРАВДА и ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, Македонија која за сите ќе важат исти правила и закони.

Сепак, ако ова селективно помирување ни го одзеде мирот, бидејќи без правда нема мир, нели?

Што ако оваа селективна правда е искрата која носи печат за неправда и невладеење на правото кое ќе биде санкционирано од некои земји членки на ЕУ?
И со право, бидејќи имаме човек со политички азил во држава членка на ЕУ.

Ако сите тие вибрации почнат да ни влегуваат во соништата и ако ги претворат во кошмари,,овие сега наводни прекрасни сонови дека уште малку и ќе ни тргне?

Тоа би било ужасно!

Но нека мислат тие што го створија овој хаос, а за мене и некои што не попуштија нема повлекување, ќе го поминаме она што ни е дадено на Божјиот пат и ќе ја барам правдата, колку и да е спора.

Како инаку ќе го отплатами “гревот”, што не прогонува цело ова време, вината што не мачи, луѓето кои “пострадаа”…..

Невините што лежат во затвор а кривците на слобода, но нема проблем, ќе ги отплатиме и излежеме и нивните гревови, нема друго чаре, мора да издржиме и покрај се што видовме и чувме кој се ја создал таа хистерија и хаос на 27 април 2017.

Тоа беше судбина, а од судбината бегање нема, нели?

На ред се кодошите ах……

Отсекогаш имало кодоши, во сите историски епохи и во сите општества, не само кај нас во Македонија, туку секаде во Светот.

Тие, кодошите во човечките заедници се најподумкли.

Тие ја чувствуваат опасноста или опортуноста по нивниот интерес и влегуваат во авантурата на кодошењето.

Тие секогаш застануваат зад потребите на сопственото его, на фамилијарниот интерес, па партијата, а националниот и државниот интерес воопшто не ги интересира, нормално за нив.

Тие се борат за своите непосредни сфери на корист и пари.

Кодошите создаваат династии, кои ѝ служат на нивната супер прагматична идеологија на таинственото, но и лукративно кредо, што ги прави најопортунистички суштества во општеството долго време.

Паранојата е нивниот психолошки хоризонт, а моќта е магнет кој ги привлекува со невидлива сила.

Кодошот сака секогаш да биде под покровителство на моќта, а кога таа моќ попушта, тој го напушта стариот господар и бара нов.

Кодошите имаат извонреден инстинкт да ја насетат гарнитурата која е на пат да зацари со теренот.

Ако проценат дека се спрема преврат со изгледи за успех, тие се веднаш таму, притаено, нудејќи ги своите услуги. И, така, со генерации, кодошите си се кодоши.

На крајот, се работи за еден вид генетски склоп, детерминираност и психолошка нужност, плус огромната алчност за поседување сѐ што може да се купи.

Кај кодошите, поради дефицит од пожртвуваност и идеали, се формира едно супер јако его, кое на протагонистот никако не му дозволува да ја сфати убавината и супериорноста на патриотизмот и одговорноста кон големите идеи, како нацијата, државата или човештвото.

Парадоксално е, што токму кодошите се ставаат самите во овие ризични ситуации поради нивните бројни предавства на оние владетели, кои им биле заштитници.

Така, кодошите, без политичка заштита, се како полжави без куќичка, а таа заштита еден ден ќе заврши нели?

На крајот треба да изразиме и сожалување врз нивните бедни судбини и на нивните фамилии кои ќе бидат покажани со прст, се разбира во негативен контекст.

Но, видете, кога кодошите ќе изјават дека се делотворно средство на историјата, тука се потполно во право.

Зошто, без нив, историјата не би имала ваква форма каква што има, благодарејќи им ним и на нивната незаситна желба за деструкција, поткопување и подомолност.

Всушност, тие се загубиле на патот помеѓу човека и животното, па останале ниту луѓе, ниту животни.

Поради ваквата монструозност и неприродност им стануваат одвратни на големиот дел од луѓето.

Наспроти нив, наспроти кодошите, се луѓето со генетски код на непокр и пожртвуваност, такви се луѓе кои историјата ги памети и народот ги слави, поради нивната жртва и борба за правда, поради тоа што го одбрале потешкиот пат за зачувување на нешто духовно свето.

Но, нив нема да ги видите по црвени килими и опколени со 20 камери, нив барајте ги по затворите, бидејќи во вакво општество како што ни е наметнато денес таму се тие, прогонувани од првата генетска група, кодошите.

Затоа нашиот пат се илинденците и асномците.

Можеби и ќе ја прекрстат Македонија, но таа ќе живее вечно во нашите срца, а штом живее во нашите срца, ќе живее и во срцата на нашите поколенија, а таа идеја за борба и слобода ќе живее секогаш.

Ние сме само оној мал дел од историјата кој не успеал да го зачува она што ни го дадоа нашите предци со многу крв и жртви, но затоа некои од нас нема да се откажат и ќе се борат секогаш, бидејќи борбата за Македонија е вечна и не запира никогаш.

Да живее Република Македонија

П.С

Доаѓаат мигови кога молчењето е предавство.
Пренесете им го ова на опозиционерите бидејќи доколку молчат и тие, де факто прифаќаат тоа што им го сервираат “елитната едница за одмазда”.

“AQUAman” еден од обвинетите за 27 април

SHARE

5 Коментари

  1. ДЕНЕС НА 9. ЈАНУАРИ 2019. ЌЕ БИДЕ ИЗВРШЕНО НАЈГОЛЕМО ПРЕДАВСТВО ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА!

    ДА БЕВ ЈАС ПРЕТСЕДТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, БИ ГИ УПОТРЕБИЛ СИЛИТЕ НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВАКВОТО ПРЕДАВСТВО ДА НЕ СЕ ДОЗВОЛИ!

  2. ЈАС ПРОФ. Д-Р ИГОР ЈАНЕВ ГО ПОВИКУВАМ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРГЕ ИВАНОВ НА 9. ЈАНУАРИ 2019. ДА ЗАСТАНЕ И СЕ ПРИДРУЖИ НА СВОЈОТ НАРОД!

  3. На секој што удрил на нас ќе му вратиме со сета сила.
    Треба да ѝ се служи на честа и на името
    Нека биде борба непрекината,
    Нека биде што да биде не може
    Нека адот ја прождре и покоси сатаната
    На гробиштата ќе изникнат цвеќиња…
    за некои далечни поколенија.

Оставете Коментар