Обвинет зашто на Фејсбук се заканувал со убиство на Заев

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое на Фејсбук му се заканувало на доскорашниот премиер и актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев.

„Тој е обвинет дека преку информатички систем, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објавил повеќе закани дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години“, се појаснува во соопштението од ЈО.

SHARE