Обвинител: Критериуми за амнестија се клемпави уши, чанти „Прада“…

Јавниот обвинител од Охрид, Војо Димоски, како познавач на судско-обвинителските лавиринти и правила, на свој потсмешлив начин го коментира Законот за амнестија.

Според Димоски, јасно е кого точно сака да го амнестира власта со Законот.

„Го прочитав Законот за амнестија. Зошто бе, браќа, сте се мачеле со зборови. Залепете слика кој треба да се амнестира. Со уши клемпави, со Prada, со сите тракатанци.
И поздравете ги вуњите“, пишува Димоски.

На социјалните мрежи од поодамна со овие карактеристики (клемпави уши и „Прада“ чанти) се опишуваат двајца од осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои претходно тврдеа дека уставното име не смее да се менува, но на 19 октомври гласаа за Северна Македонија во Уставот.

SHARE