Обвинителите на СЈО ги чуваат предметите !?


Иако вчера Советот на јавните обвинители реши да ги врати во обвинителствата каде што претходно работеа, обвинителите од СЈО денеска се појавија на работа во зградата на Рузвелтова.

Имено, обвинителот Љубомир Јовески ги задолжил да ги чуваат предметите кои ги застапуваа пред суд.

Јовески набрзо ќе треба да одлучи за секој предмет поединечно, односно кое обвинителство е надлежно и кои обвинители ќе продолжат да ги застапуваат предметите пред суд.

SHARE