Обвинителката Стефанова ќе даде исказ за „Рекет“

Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова, задолчена за предметот „Империја”, денеска е повикана во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет”.

 Стефанова и шефицата н а СЈО, Катица Јанева, беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита”, а во врска со случаите „Рекет” и „Империја”.

Јанева потврди дека е нејзин гласот на снимите и објасни дека како обвинителка на СЈО имала обврска да контактира со сите осомничени како и со други лица против кои се воделе кривични постапки и се обидувала да го врбува Орце Камчев (обвинет во „Империја“) да биде сведок во друг случај.

Стефанова  веднаш по ова изјави дека  Јанева влијаела на истрагата за предметот “Империја“ на тој начин што најпрво инсистирала да се ослободат од притвор осомничените, а потоа предлагала и престанок на истрагата, доколку тие се согласат да ја платат штетата што ја предизвикале.
Според Стефанова, во декември 2018 година, Јанева без нејзина согласност одлучила да им ја укине мерката притвор на осомничените со случајот „Империја“, а во март годинава, таа не се согласила да им биде вратени патните исправи на Панделески и на Камчев.  

Се очекува во ЈО да биде повикана и спацијалната јавна обвинителка Катица Јанева, но засега не се соопштува кога.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески изјави дека сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани.

SHARE