Обвинителот Јовевски не ги сака предметите на СЈО

Државниот обвинител Љубомир Јовески смета дека е нерационално сите постапки на СЈО кои се отворени од самото постоење да бидат предадени во неговото обвинителство, а потоа тој да ги прераспределува на други обвинители. 

„Не е рационално решение, но не значи дека е неизводливо. Сепак мислам дека и во таква ситуација според надлежноста најголем дел од предметите би припаднале токму во новото специјализирано одделение за гонење висока корупција и не гледам друга поента за такво решение освен дека ќе се создаде хаос“ вели Јовевски за ТВ24.

Ова е дел од одговорот на предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој изјави дека с’е што има СЈО како предмет да биде предадено на републичкиот обвинител и тој понатаму да решава каде тие предмети ќе припаднат според надлежноста.

SHARE