За Државниот обвинител, Љубомир Јовески, и обвинителот во јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски, тврдењата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот со Меѓународниот сојуз на Боки 13 се „чиста шпекулација“, пишува „360 степени“.

„Наводите во текстот не се точни и од фактографски и од аспект на севкупното постапување на институциите во овој случај. На пример, обвинителката Вилма Русковска во тоа време воопшто не беше шеф на обвинителството за гонење организиран криминал за некој преку неа да се обиде да влијае во случајот“, вели за „360 Степени“ обвинителот Наум Пановски.

Од обвинителството најавуваат и официјален демант.

SHARE