Обвинителството го гони претседателот Иванов

Основното јавно обвинителство ги потврди информациите на ТВ 21 која што е блиска на ДУИ за поведенабистрага против претседателот Иванов за кршење на Уставот.

Основното јавно обвинителство ќе поведе истрага против претседателот Ѓорѓе Иванов поради прекршување на Уставот – објави ТВ 21, без да наведе извори или поконкретни информации.

По само еден час од информацијата на медиумот близок на врвот на ДУИ, ЈО потврди дека Иванов ќе се гони затоа што одбил да ги потпише Законот за јазици и ратификацијата за Договорот од Преспа.

Според Уставот Иванов бил обврзан тоа да го стори – се додава во текстот на ТВ 21 кој е потврден од обвинителството.

ДУИ од вториот мандат на претседателот е во постојан конфликт со Иванов кој нема потпишано указ за именување на партиски кандидати на партијата на Ахмети за македонски амбасадори.

Во моментов Иванов со над 10 % рејтинг е вториот најпопуларен политичар во Македонија на ниво на сите граѓани, зад премиерот Заев.

Само кај Македонците Иванов е прв на листата на политичари со најголема доверба и се смета за човек што ќе има сериозно влијание за време на престојните претседателски избори на кои ДУИ сака да има консензуален кандидат.