Обвинителството истражува кој се заканува дека „Ќе крварат сите“

Јавното обвинителство отворило предистрага за аудио снимките кои викендов беа објавени на „Јутјуб“ и ќе истражува кој ги објавил.

Истрагата треба да утврди што точно се кажува во нив и дали навистина на снимката е зборува бизнисменот Орце Камчев, осомничен во истрагата „Империја“, а сега главен сведок во случајот „Рекет“.

„Јавното обвинителство во врска со новообјавените аудио снимки на социјалните мрежи отвори предмет. Надлежен јавен обвинител во постапката ќе утврдува кој ја објавил содржината, идентитетот на лицата кои ја објавиле содржината на овие разговори и ги поставиле на социјалните мрежи, потоа идентитетот на лицата кои што разговараат и содржината на разговорите“, вели републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески за Телма.

Во разговорите, лицето за кое се претпоставува дека е Орце Камчев,бара спогодба со браќата Заеви, и вели дека во спротивно ќе крвават сите.

Во снимките се споменува и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Мицкоски денеска не сакаше да ги коментира аудио снимките.

„Да бидам искрен не ги слушав снимките, единствено ги читав, транскриптите по некои медиуми. Немам што да додадам или одземам. Тоа што е кажано во рамки на тие транскрипти е од извор кој треба веднаш да се провери, како е настанато тоа снимање, што се последиците и веднаш да се преземат соодветни мерки од органите за прогон“, рече Мицкоски.

Два дена пред објавувањето на снимките, за случајот „Рекет“ како сведок се појави токму Камчев, а во во вторник треба да сведочои и неговата сопруга.

На социјалните мрежи веќе почнаа шпекулации дека целта на предистрагата за новите аудио снимки на обвинителството е власта да му испрати порака на Орце Камчев дека ќе биде гонет за упатување на закани по живот ако не биде кооперативен во судењето за Рекет.

SHARE