Економскиот советник на американскиот претседател Питер Наваро ја обвини Кина дека намерно испраќала туристи низ целиот свет за ширење на коронавирусот.
Тој за телевизијата Еј-би-си изјави дека Кина можела да ја запре епидемијата ако го задржела вирусот во Вухан.
„Нулта пациент во провинцијата Вухан се појави во ноември. Кинезите, криејќи се зад Светската здравствена организација, го криеја вирусот од светот два месеци, а потоа испратија стотици илјади Кинези со авион во Милано, Њујорк и низ целиот свет за да го посеат“ рече Наваро.
„Можеа да го сочуваат во Вухан и затоа мислам дерка тоа намерно ѝ го направија на Америка“, рече советникот.

SHARE