Обвинување за профит од хуманитарна помош во Куманово

Повеќе извори тврдат дека во Куманово се врши злоупотреба на хуманитарната помош која што Црвениот Крст вообичаено ја доделува на социјално загрозени граѓани.

Дел од тие што ги споделуваат информациите бараат акција од министерот за внатрешни работи кој сепак нема ингеренции да спречува вакви појави без да биде повикан од соодветните инспекции.

“Во Куманово јавно на Зелениот Пазар се продаваат производи од ЦРВЕНИОТ КРСТ кој се наменети за луѓе кои се најсилно социјално загрозени. Тоа го прават луѓе блиски до СДСМ кои и сега го плаќаат долгот за изборот на Пендаровски. Пакетот чини 50 денари!”, пишува Стефан Илиевски кој го прашува министерот за внатрешни дали ги слуша неговите информации.

SHARE