Од 1 јуни „Рамковниот“ добива посебно министерство

Артан Груби, Зеќир Рамчиловиќ, Џеват Адеми, Реџаил Исмаили и други, во Собранието предложија измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа и на Законот за Владата.

Со измените се предлага да се основа ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. 

„Заради функционирање на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и принципите кои произлегуваат од овој Договор како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, се појави потреба да се основа ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците“, пишува во законското образложение.

Законот ќе почне да се применува од 1 јуни 2019 година.

SHARE

4 Коментари

  1. 40 пратеника излегле (напуштиле) од Црногорскиот парламент во знак на протест и презир кон наметнато ненародно октроирано квази-име тн. Северна Македонија од “марионетската власт” во Македонија: https://expres.mk/opozicijata-vo-crna-gora-protiv-vlezot-na-makedonija-vo-nato-i-nejzinata-marionetska-vlast/

    • Браво за Црногорците! Во мк.парламент останаа само п…. Кај нас нема никој смелост да каже “Царот е гол!”. И тие што нешто ќе се обидат да проговорат кажуваат во ракавици па имаш и такви кои почнуваат со “Почитуван господине Џафери..” дрн дрн јариња, па “Почитуван претседателе на Собрание..”и т.н. А тој дезертер од АРМ и терорист на УЧК. Мизерија сме!

  2. […] Артан Груби, Зеќир Рамчиловиќ, Џеват Адеми, Реџаил Исмаили и други, во Собранието предложија измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа и на Законот за Владата, пренесе Експрес. […]

  3. До кога политичарите ќе измислуваат нови и нови услови и барања за спроведување на Рамковниот кој одамна е 100% спроведен? Срамота за пратениците македонци од било која партија кои дозволија Македонците да станат граѓани од втор или трет ред зарад нивниот комформизам и поданство на малцинствата и странскиот фактор кои се однесуваат и владеат со мнозинскиот мк. народ како апартхејд! А да се заангажираат повеќе за економијата? Или за тоа не ги бива?

Comments are closed.