Од 12 август се укинува сонцето од Кутлеш

Првото знаме на независна Македонија, повеќе нема да може да се види во јавна употреба, а тоа важи и за сите објекти на кои во јавниот простор е истакнато сонцето од Кутлеш.

На места кои не може да се отстрани, ќе се поставии соодветна апликација дека Сонцето, всушност е дел од хеленската култура.

Expres.mk уште минатата година предупреди на бесмисленоста на клаузулата со која се забранува употреба на ѕвездата од Кутлеш, бидејќи овој симбол го има во цркви, на споменици, плоштади (Виница) па дури и на шахти на “Водовод и канализација“.

Уставните измени за промена на државното име, согласно преспанскиот договор, беа изгласани на 11 јануари, стапија на сила на 12 февруари, а рокот за преименување на спомениците и за отстранување на сонцето од Кутлеш истекува на 12 август, потсетува „Слободен печат“.

SHARE